Хамилтон се поблиску до нова Ф1 титула, ја освои и Сузука!

Возачот на Мерцедес триумфираше на Големата награда на Јапонија…

На тој начин Луис Хамилтон додатно ја зголеми предноста во однос на Себастијан Фетел кој како да ги губи силите во шампионската трка оваа сезона во Формула 1.

Британецот дојде до осмиот триумф сезонава, вкупно 61. и сега има големи 59 бодови повеќе од членот на Ферари на четири трки до крајот на шампионатот.

Победничкиот подиум го комплетираше дуото на Ред Бул, Верстапен и Рикардо. Наредната трка ќе се вози на 22. октомври 2017 год. за ГН САД.