Халеп ја започна новата сезона со титула во Шенжен

Романската тенисерка успешно ја стартуваше 2018. година…

Симона Халеп во финалето на турнирот во Шенжен ја совлада Карина Сињакова од Чешка со 6:1, 2:6, 6:0.

Битката за титулата доцнеше поради дожд, па и не чуди податокот што овој меч беше одигран со многу осцијалции во играта.

На крајот прворангираната на ВТА листата дојде до својот 16. трофеј во нејзината кариера. Да додадеме уште дека данската натпреварувачка Каролин Возњацки обезбеди финалето во Окленд (Нов Зеланд).

Како прва носителка на турнирот со 2:0 (6:4 и 6:4) ја елиминираше Американката Саша Викери и ќе игра во завршницата со втората носителка Јулиа Гергес (Германија) која со 6:1 и 6:4 беше подобра од Су-Веи Хсиех (Тајван).