Голем успех за македонското таеквондо: Георгиевска со бронза на СП во Тунис!

Анамарија Георгиевска е трета со бронзен медал на Светското првенство во Тунис за јуниори…

Македонската натпреварувачка во таеквондо успеа да дојде до третото место со триумфи над противници од Египет, Аргентина и Иран, додека во полуфиналето претрпе пораз од претставник на Кореја.

На тој начин таа е сигурен учесник и на Младинските олимписки игри во Буенос Ајрес (Аргентина) кои што ќе се одржат годинава во септември.

Ова е секако огромен, историски успех за спортот кај нас и воедно еден од најголемите за нашето олимписко таеквондо покрај златниот европски медал на братот на Анамарија, Дејан Георгиевски.