Ѓоргиев со бронзен медал на СП во кик-бокс во Будимпешта

Македонскиот натпреварувач беше третопласиран во категоријата до 74 кг. на Светското кик-бокс првенство во Будимпешта (Унгарија).

24-годишниот Димитар Ѓоргиев во полуфиналето загуби од словачкиот борец Карлик со резултат 1:2, а претходно ги совлада Швајцарецот Кајзер (2:1) и Гркот Вагијанос (3:0).

Да потсетиме, пред две години на шампионатот во Белград Ѓоргиев беше освојувач на златото, додека Стефани Тодорова дојде до бронзата.