Гимнастичарската федерација на Македонија не е финансирана веќе седум години!

На барање на Претседателот на ФГСРМ – Љупчо Арнаудов се оствари средба, помеѓу директорот на Агенцијата за Спорт и Млади, Г-дин Дарко Каевски, на кој се зборуваше за проблемите околу финансирање на гимнастичарската Федерација и начинот на кој треба да се подржи овај спорт.

Му беше предочено дека Федерацијата веќе 7 години, не е финансирана за никакви проекти ниту за меѓународни натпревари и домашни.

Од негова страна се пројави интерес како ова да го надминиме, и верувам дека со свој придонес ќе допринесе овој спорт во Република Македонија да заживее“, информира првиот човек на гимнастичарската федерација на Македонија, Љупчо Арнаудов.

-СПОРТСКА НАДЕЖ-

„Почитувани, на барање на Агенцијата на Млади и Спорт за ранг листа од нашата федерација, за стекнување спортска категорија – Спортист, Спортска Надеж, према билтенот на ФГСРМ селекторот Колев Николче кој е член на техничкиот комитет ја изработија ранг листата на најдобри млади спортисти усогласена и утврдена према правилникот и критериумите на Националната Спортска Федерација и истата е усвоена од управниот одбор на Федерацијата со одлука број 07 од 20.5.2017.

Од неразјаснети причини и пропуст од Агенцијата за определување на Спортска Надеж нашата федерација е неправедно казната од лицето Томче Андоновски кој е директор во оваа установа и не ни се определени стипендиите. На оваа одлука нашата Федерација вложи приговор до Агенцијата за Млади и Спорт односно до Господинот Дарко Каевски кој е запознат со оваа ситуација“ – ГИМНАСТИЧАРСКА ФЕДЕРАЦИЈА НА МАКЕДОНИЈА

Предложени од страна на Гимнастичката Федерација на Македонија се следните гимнастичари: