„Freestye SnowJam“: Дарков третопласиран на натпреварот во Косово!

Успешен настап имаше Марко Дарков од битолскиот клуб ССНЛ на „Freestyle SnowJam“ натпреварите во Брезовица, Косово…

Македонскиот натпреварувач ја освои третата позиција со освоени 18,3 поени, зад најдобрите Фатмир Морина (21) и Стефан Јовановиќ (19,7).

Претходно деновиве на ФИС натпреварите во Маврово организирани од Полар и Ски федерација го освои второто место.

-ПРОЧИТАЈТЕ ПОВЕЌЕ-

МАКЕДОНСКИТЕ РЕПРЕЗЕНТАТИВЦИ СОЛИДНИ НА БОРДЕРКРОС ТРКИТЕ ВО ЧЕШКА

Се одржаа две ФИС бордеркрос трки во Долни Морава, Чешка. И нашата земја имаше свои претставници меѓу многубројната конкуренција од целиот свет.

Тимот „XMKD“ оствари солидни резултати и заработи вредни ФИС бодови – Сања Спасовска шесто место во генерален пласман, односно втора во малото финале.

Александар Кацарски 12 место
Горјан Кавраков 19 место
Томас Дебаловски 22 место

Фото: skimacedonia.mk