Фетел не се предава: Јубилејна 50 пол-позиција во Мексико!

Возачот на Ферари, Себастијан Фетел ја освои пол-позицијата пред трката за Големата награда на Мексико оваа сезона во Формула 1 шампионатот.

Германецот беше најдобар во квалификациите со време една минута и 16,488 секунди, и воедно тоа беше негова 50. јубилејна пол-позиција во кариерата.

Втор ќе стартува Макс Верстапен, а потоа следуваат Луис Хамилтон, Валтери Ботас и Кими Раиконен. Главната трка за ГН Мексико ќе стартува в недела од 20:00 часот по македонско време.

Фетел ги одржува шансите за титулата на три трки до крајот, иако Хамилтон е многу блиску до нејзе. Британецот на Мерцедес води со 331 бод, пред Фетел со 265, а трет е Финецот Ботас (Мерцедес) со 244.