Фелипе Маса дефинитивно ја завршува Ф1 кариерата! (ВИДЕО)

 Фелипе Маса на крајот од оваа сезона дефинитивно ќе стави крај на Формула 1 кариерата.

Бразилецот имаше намера да се повлече од Ф1 на крајот на 2016 година, но се врати во Вилијамс откако Валтери Ботас се пресели во Мерцедес по пензионирањето на светскиот шампион Нико Розберг.

Маса, кој освои 11 титули во трката, вели дека овој пат неговата одлука е конечна.

Одлуката на 36-годишниот возач беше под влијание на фактот што сакаше сигурност за неговата иднина пред следниот гран пред домашната публика наредниот викенд викенд.

Се согласив да се вратам оваа сезона за да му помогнам на Вилијамс од моментот кога бев повикан. Благодарност до тимот, спонзорите и фановите.

Се надевам дека ќе ја имам поддршката исто така на Интерлагос и Абу Даби. Имав четири одлични години со тимот, но мојата кариера во Формула 1 конечно ќе заврши на крајот на оваа сезона“, рече Маса.

на две трки до крајот на сезоната 2017 веќе е познат шампионот, тоа е Британецот Луис Хамилтон на Мерцедес, додека пак Маса е на 11. место со 36 бодови, негов најдобар пласман досега годинава беше шестото место остварено во Австралија и Бахреин.

На 12. ноември ќе се вози 19. трка во Сао Паоло (Бразил), а последната е закажана за 26-ти ноември 2017 год. во Абу Даби (Обединети Арапски Емирати).

Маса во 2006. година беше третопласиран во генералниот пласман со Ферари зад Михаел Шумахер и Фернандо Алонсо, беше четвртопласиран во 2007. со Ферари, а со истиот тим во 2008. година беше вицешампион после голема борба со Хамилтон, заостанувајќи само за еден бод.