Федерер против Дел Потро за титулата во Базел

Во финалето на АТП турнирот во Швајцарија ќе играат Роџер Федерер и Хуан Мартин дел Потро.

Аргентинецот во првото полуфиналето го совлада најдобриот хрватски играч и бранител на титулата Марин Чилиќ со 6:4 и 6:4.

Во второто полуфинале домашниот натпреварувач Федерер уште поубедливо со резултат 6:1 и 6:2 го елиминираше Белгиецот Давид Гофан.

За Дел Потро ова ќе биде второ финале во 2017. година и второ по ред, откако пред седум дена го освои турнирот во Стокхолм (Шведдска). Тој му беше 20. трофеј во кариерата, а ди два од нив дојде во Базел (2012., 2013. год.)

По 13. пат Федерер ќе игра во финалето во својот роден град, седум пати беше победник и доколку слави в недела ќе избие на второто место по бројот на освоени турнири во кариерата. Досега има вкупно 94 трофеи, колку и Иван Лендл, додека пред нив е само Џими КОнорс со 109.