Федерер остана без финале на Мастерс турнирот во Лондон (ВИДЕО)

Белгискиот тенисер Давид Гофан се пласираше во полуфиналето на завршниот Мастерс во Лондон.

Успеа со пресврт 2:6, 6:3 и 6:4 да го елиминира фаворитот во „02 Арената“, Швајцарецот Роџер Федерер.

Белгиецот за прв пат во кариерата го совлада Федерер, а претходно против славниот тенисер имаше шест мечеви без победа. Ова е прво финале во кариерата на Гофан на завршниот Мастерс.

Досега освоил четири титули во кариерата во сингл конкуренцијата, додека на Грен слем турнирите најдалеку стигна на „Австралија Опен“ и „Ролан Гарос“ до четвртфиналето.

Гофан во финалниот дуел ќе игра против подобриот дуелот помеѓу Бугаринот Григор Димитров и Американецот Џек Сок.