Федерер имаше лесна задача до четвртфиналето во Базел

Швајцарецот дојде до лесна победа над Французинот Беноа Пер со резултат 2:0 по сетови 6:1 и 6:3 во осминафиналето на АТП турнирот во Базел.

Противникот немаше никакви шанси против искусниот домашен натпреварувач Роџер Федерер кој од самиот почеток наметна свој ритам кој го одведе до убедлив триумф.

За пласман во полуфиналето Федерер ќе игра со подобриот од дуелот Манарино-Шаповалов.

Хрватот Марин Чилиќ во еден интересен меч го елиминираше својот сонародник Борна Чориќ со 6:3, 3:6 и 6:3 и во следната фаза ќе игра против Унгарецот Мартон Фучович.