Ф1: Титулата е блиску, Хамилтон доминираше и во САД!

Британецот Луис Хамилтон во Мерцедес славеше на трката за Големата награда на Соединетите Американски Држави (САД), на патеката во Остин.

Незапирливиот Хамилтон така ја зголеми предноста пред Себастијан Фетел на Ферари и се доближи до својата четврта титула шампион на Формула 1.

Второто место едвај го освои Фетел кој воедно имаше одлично возење пред крајот на трката. До третата позиција дојде младиот и талентиран Холанѓанец Макс Ферштапен кој на неколку кривини пред крајот го престигна Раиконен. Воедно Ферштапен дојде до третото место после стартот од дури 16. позиција.

Сега Хамилтон има вкупно 331 поен, а второпласираниот Фетел 263. До крајот на Ф1 сезоната останаа уште три трки и треба само „чудо“ да се случи Британецот да не дојде до шампионскиот трофеј.

Следната трка на распоредот е наредниот викенд во Мексико.