Ф1: Рикардо славеше во Кина за прва победа на Ред Бул

Возачот на Ред Бул Даниел Рикардо е победник на трката во Шангај за Големата награда на Кина, во шампионатот на Формула 1.

Австралиецот го оствари шестиот триумф во кариерата, прва во сезоната во која претходно двапати победи возачот на Ферари Себастијан Фетел, така што во 46. круг, на 10 кругови пред крајот, го престигна Валтери Ботас од Мерцедес.

На третото место заврши Кими Раиконен од Ферари, додека актуелниот шампион на Ф1 Луис Хамилтон од Мерцедес беше четвртопласиран.

На петтото се најде Макс Ферштапен од Ред Бул, чиј инцидент со Фетел ја одбележа трката, па германскиот возач, кој на стартот ја имаше пол позицијата, заврши како осми.

Фетел води во генералниот пласман со 54 бодови, два повеќе од Хамилтон, Ботас има 40, а Рикардо 37. Наредната трка од Формула 1 ќе се вози на 29. април за ГН Азербејџан.