Ф1: Алонсо иако незадоволен, го продолжи договорот со Мекларен!

Фернандо Алонсо нема да го напушти Мекларен на крајот од сезоната за кое се шпекулираше многу во изминатите неколку месеци.

Шпанецот незадоволен од болидот најавуваше заминување од британскиот тим, но сепак го продолжи договорот на уште една година, односно ќе настапува и наредната сезона во Формула 1 шампионатот.

Двократниот светски шампион верува дека со враќањето на моторите на Рено во Мекларен ќе и овозможи на екипата на поконкуретна во борба за титулата, што не беше случак со агрегатите на Хонда во претходните три години.

Алонсо досега во кариерата возеше на 53. трки за Мекларен, 13 пати беше помеѓу првите 10, се откажуваше вкупно 16 пати, а освои 75 бодови.