ЕТЦЦ: Стефановски петтопласиран на квалификациите во Чешка (ФОТО)

Македонскиот возач ќе стартува од петтата позиција во неделната одлучувачка трка за шампионската титула оваа сезона во ЕТЦЦ шампионатот.

Игор Стефановски со својот „СЕАТ“ (+0.204), заврши зад четвртопласираниот Пламен Кралев, третопласираниот Петр Фулин, второпласираниот од Швајцарија, Кристјоханес Шрајбер, а пол-позицијата ја има Норберт Наѓ од Унгарија (1:42.232).

Првата трка од најавените две ќе се вози утре со почеток од 10:50 ч. по локално време.

Во генералниот пласман води Фулин со 63 бодови, пред Шрајбер и Наѓ по 56, а четврти е нашиот Иџе со 55.

Фото: fiaetcc.com