ЕТЦЦ: Стефановски четвртопласиран на тренингот во Чешка

Претходно објавивме дека македонскиот возач го освои второто место на тестот во Мост како најава за одлучувачката трка во ЕТЦЦ шампионатот.

Во Чешка денеска се одржа и тренингот каде што Игор Стефановски дојде до четвртата позиција кој заостана нешто над две секунди зад најдобриот Пламен Кралев од Бугарија.

На второто и третото место се најдоа Норберт Наѓ и Питер Рикли. Втората 45. минутна пробна сесија на оваа патека ќе биде и последна пред квалификациите кои ќе стартуваат од 14:15 часот.