Ендуро Тим Водно: Македонскиот мотокрос возач Станковиќ третопласиран во Грција!

Ендуро Тим Водно од Скопје продолжува со одлични резултати…

Уште еден подиум за младиот македонски мотокрос возач Христијан Станковиќ. Изминатиот викенд се одржа Мотокрос трка во Превеза, Грција (Crazy Mad Games) куп на Грција.

Само со еден тренинг на патеката успеа да биде прв на двата стартови и да ја води трката неколку круга.

Со оглед на тоа што прв пат настапува на оваа патека и самото нејзино непознавање си го направи своето и после голема борба мораше да се задоволи со третата позиција.