Емил Павлов со сребрен медал на Премиер Лигата во Дубаи

Емил Павлов загуби во големото финале во категоријата кумите -60кг. на Премиер Лигата која се одржува во Дубаи.

Македонскиот каратист не успеа да го совлада и претставникот од Турција, Ерај Самдан (1:2) и на крајот го освои сребрениот медал, додека со бронза се закитија Калвис Калнинс од Летонија и Садридин Сајматов (Узбекистан).

На патот до финалето Павлов најпрвин во 1. коло беше слободен, потоа во 2. коло беше подобар од Жујеонг Гу од Јужна Кореја со 3-1.

Во третата рунда славеше против Степан Ефименко од Русија со 3-2, во четвртото коло го победи Украинецот Олег Филиповиќ со убедливи 6-0, а во полуфиналето со 5:3 триумфираше над Летонецот Калнинс.