Џошуа не го дава „тронот“, дали судијата донесе погрешна одлука!? (ВИДЕО)

Ентони Џошуа го одбрани тронот во супертешка категорија откако со прекин го совлада Карлос Такам.

20 мечеви – 20 нокаути има сега британскиот боксер. Меѓутоа и домашната публика во Велс не беше задоволна со крајот на борбата.

Џошуа имаше неколку удари во серијата, изгледаше дека ривалот ќе го преживее таквиот налет, беше прилично свеж иако боксуваше 10 рунди против големиот шампион.

И додека гледачите чекаа да продолжи спектаклот каде што двајцата ќе бараат завршен нокаут, судијата застана помеѓу нив и процени дека борбата треба да биде прекината.

Исто така свој коментар имаше и камерунско-францускиот боксер Такам: „Не знам зошто судијата го прекина мечот, го почитувам Џошуа, тој е голем шампион“.

Следуваа свирежи од сите страни, бидејќи на тој начин беше фрлена сенка на мечот. Џошуа имаше голема бодовна предност и добар момент за нокаут, па ваквата „помош“ сигурно не му беше потребна.

Храбриот Такам кој покажа квалитет иако само на 12 дена пред борбата дозна дека има шанса да ги освои појасите ВБА, ИБФ и ИБО, беше целосно подготвен.

Џошуа после борбата се огласи на својот Твитер профил: „Респект за Такам. Влегуваме во позитивна 2018. година“.