Два нови рекоди на Македонија на „Бета спринт“ пливачкиот митинг

Два нови рекорди на Македонија кои се постигнаа на „Бета спринт“ митингот (настапија околу 250 пливачи) кој се одржа оваа сабота (24. февруари) на базенот „Борис Трајковски“.

Миа Крстевска од ПВК „ОРИОН“ постави нов апсолутен рекорд на Македонија на 100 метри грбно со време од 1:03:65 мин. Стариот рекорд беше 1:03:93 мин. во сопственост на Анастасија Богдановски.

Исто така, Ана Јаневска (ПК „БЕТА“) постави нов апсолутен рекорд на Македонија на 50 метри делфин со време 28:27 сек., односно го подобри нејзиниот досегашен резултат кој изнесуваше 28:61.