Доминација на Ферари: Фетел со пол-позиција во Бахреин! (ФОТО)

Пол позицијата пред стартот на Големата награда во Бахреин ја освои возачот на Ферари, Себастијан Фетел.

Доминираа возачите на Ферари во квалификациите, Германецот ќе тргне од првото место по 51. пат во неговата кариера.

Второто место го освои неговиот тимски колега Кими Раиконен со заостанување зад најдобриот (+0,143), додека зад дуото на Ферари се најде возачот на Мерцедес, Валтери Ботас.

Иако заврши на четвртата позиција, Луис Хамилтон ќе стартува од деветтата, бидејќи е казнет со пет места поради промена на менувачот.

Главната трка е в недела (8. април) со почеток од 17:00 часот по средноевропско време.