Ѓоковиќ го одложи почетокот на сезоната: Многу сум тажен!

Иако се најавуваше дека денеска српскиот тенисер ќе го има својот кам-бек, тоа нема да се случи.

Новак Ѓоковиќ кој паузираше шест месеци поради повреда требаше да се врати на егзибицискиот турнир во Абу Даби.

Но, популарниот Ноле повторно почуствува болки во лактот, што беше и причина за неговото долго отсуство, па мораше да го откаже настапот во полуфиналето против Роберто Баутиста Агут.

Навистина сум тажен, бидејќи навистина едвај чекав да настапувам на официјални мечеви. Уживав во подготовките и се радував за турнирот во Абу Даби, каде што сакам да учествувам.

Останува да ја прифатам оваа ситуација и ќе ги почекам резултатите од терапијата пред да можам да се вратам на терените во полн ритам.

Сето ова може да влијае и на почетокот од сезоната и планот на турнирите кој го направив, а одлуката ќе биде донесена наредните денови“, рече Ѓоковиќ.

Првиот Грен слем турнир „Австралија опен“ ќе започне на 15. јануари, а пред тоа Србинот требаше да настапи во Доха.