Димитров најдобар спортист на Балканот, Стоилов на последната 10. позиција!

Бугарскиот тенисер Григор Димитров со 62 поени е избран за најдобар спортист на Балканот за 2017. година во традиционалната 45. анкета на Бугарската национална агенција (БТА).

Во гласањето учествуваа најголемите агенции од регионот, македонскиот репрезентативен пивот Стојанче Стоилов кој ги брани боите на ракометниот клуб Вардар, се најде на последната 10. позиција со 16 поени.

Редоследно од второто до деветтото место се наоѓаат: Симона Халеп (Романија, тенис), Рамил Гулијев (Турција, атлетика), Катарина Стефаниди (Грција, атлетика), Сандра Перковиќ (Хрватска, атлетика), Лука Модриќ (Хрватска, фудбал), Елетериос Петрунијас (Грција, атлетика), Богдан Богдановиќ (Србија, кошарка) и Тијана Бошковиќ (Србија, одбојка).

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, кој пет пати по ред го освојуваше ова признание од 2011. до 2015. година, не беше во конкуренција.