Девет освоени медали за „тигрите“ на 14 Омега таеквондо Куп во Белград

Со огромна помош од градоначалникот на Општина Гази Баба, Борис Георгиевски кој обезбеди бесплатно комбе за превоз на релација Скопје – Белград – Скопје…

Македонскиот таеквондо клуб „Тигри“ учествуваше со 13 натпреварувачи на меѓународниот натпревар Омега Куп во Белград, Србија кој се одржува традиционално веќе 14 години првиот викенд во март месец.

Клубот успеа да освои девет медали, од кои два златни, четири сребрени и три бронзени. Дури 10 натпреварувачи се бореа во најсилната А класа, каде за првпат во историјата на клубот успеа да освои и златен медал во сениорска конкуренција.

Медалите ги освоија:

1.Александар Петровски, сениори (-58 кг) А класа – златен медал
2.Мила Рељиќ, јуниорки (-68кг) А класа – сребрен медал
3.Ивона Давиткова, јуниорки (-55 кг) А класа – бронзен медал
4.Тамара Младеновска Јуниорки (-63 кг) Б класа – сребрен медал
5.Марко Лазаревски кадети (-33 кг) А класа – бронзен медал
6.Петар Ивановски кадети (+65 кг) Б класа – златен медал
7.Андреа Крстиќ, кадетки (-33 кг) А класа – бронзен медал
8.Александар Атанасовски, пионери (-27 кг) Б класа – сребрен медал
9.Дарко Стевковски, кадети (-57 кг) А класа – бронзен медал

Учествуваа уште и: Михаиоло Рељиќ, кадети (– 57кг) – А класа, Виктор Петковски, кадети (-45 кг) А класа, Александра Крстиќ, кадетки (-51кг) А класа, Милена Блажевска (-44кг), кадетки – Б класа.

Ова е историски успех за клубот каде за првпат учествувавме со толку многу натпреварувачи на меѓународен натпревар и бевме најброен македонски клуб.

Ветуваме на успешни резултати и развивање на Таеквондо спортот со големата подршка што ја добиваме од градоначалникот на Општина Гази Баба.

И овој пат како и на сите натпревари минатите 18 месеци, со доволни течности за напорниот викенд за децата не помогна нашиот редовен спонзор Аква Бар“, пренесува официјалниот веб сајт на Таеквондо клуб Тигри – Скопје.

Фото: taekwondotigri.mk