Дел Потро го освои најзначајниот трофеј во последните пет години (ВИДЕО)

Аргентинскиот тенисер Хуан Мартин дел Потро со победа над Јужноафриканецот Кевин Андерсон со 6:4 и 6:4 ја освои титулата на турнирот во Акапулко.

Популарниот „Делпо“ со триумфот на овој турнир од категоријата 500 стигна до најзначајниот трофеј од 2013, кога во финалето во Базел го совлада Роџер Федерер.

За Аргентиецот овој успех во Мексико воедно е и прва титула во 2018. година, а до нејзе стигна совладувајќи големи имиња од Топ 10 АТП ранг листата: М. Зверев, Ферер, Тим, А. Зверев и Андерсон.