Дејвис куп: Македонските тенисери го освоија третото место во Пловдив!

Денеска македонската Дејвис куп репрезентација го одигра последниот натпревар во Третата Европска зона.

Во Пловдив (Бугарија) нашите најдобри тенисери во борбата за третото место со 2:0 го совладаа Кипар.

Најпрвин Горазд Србљак со 6:1 и 6:2 беше подобар од Николас Кембел, додека Димитар Грабул за скоро два часа игра по сетови 6:1, 5:7 и 7:6 (5) го совлада Менелаос Ефстатиу.

Да потсетиме, после решавачкиот меч и поразот од домаќинот Бугарија (0:3), нашата репрезентација не успеа да ја продолжи битката да се избори за повисок ранг на натпреварување.

Во првите две кола од групата беа остварени уште две победи, над Исланд (2:1) и Албанија (3:0).