Дали и вие едвај ја чекате Новогодишната турнеја „Четири скокалници“?

Наскоро ќе започне ново издание на традиционалната Новогодишна турнеја „Четири скокалници“.

За два дена официјално ќе стартува натпреварувањето во Оберсфорд, а ќе заврши на 6. јануари во Бишифсхофен.

Победник на турнејата е спортистот со најмногу освоени поени на сите четири скокалници во германските Оберсдорф и Гармиш-Партенкирхен и во австриските Инсбрук и Бишофсхофен.

За разлика од Светскиот куп, во текот на турнејата се собираат бодовите добиена врз оснона на должината на скокот и судиските оцени. Квалификацискиот систем на „Четири скокалници“ е познат по единствен нокаут систем.

Легендата на турнејата Јане Ахонен е единствениот кој триумфирал пет пати, додека Германија е најуспешна земја со 16 победи, зад неа е Финска со една помалку.

Комплетната новогодишна турнеја „Четири скокалници“:

29. декември 2017 год. (16:00 ч.) Оберсдорф, Германија – квалификации 137 метри
30. декември 2017 год. (16:15 ч.) Оберсфорд, Германија – 137 метри

31. декември 2017 год. (13:45 ч.) Гармиш-Партенкирхен, Германија – квалификации 140 метри
1. јануари 2018 год. (13:45 ч.) Гармиш-Партенкирхен, Германија – 140 метри

3. јануари 2018 год. (13:45 ч.) Инсбрук, Австрија – квалификации 130 метри
4. јануари 2018 год. (13:45 ч.) Инсбрук, Австрија – 130 метри

5. јануари 2018 год. (16:45 ч.) Бишофсхофен, Австрија – квалификации 140 метри
6. јануари 2018 год. (16:30 ч.) Бишофсхофен, Австрија – 140 метри