Чунг го предаде мечот, Федерер и Чилиќ за титулата на „Австралија Опен“ (ВИДЕО)

Швајцарскиот тенисер се пласираше во финалето на првиот Грен слем турнир сезонава, откако мечот го предаде Хјон Чунг поради повреда.

Роџер Федерер пред да се повлече натпреварувачот од Јужна Кореја, после еден час и четири минути игра водеше во Мелбурн во 1:0 по сетови и 5:2 во гемови во вториот.

Противник во финалето на „Австралија Опен“ ќе му биде Хрватот Марин Чилиќ кој претходно во три сета го елиминираше Кајл Едмунд од Велика Британија.

За Федерер ова ќе биде 30. финале во неговата кариера на грен слем турнирите.