„Четири скокалници“: Полјакот Стох најдобар и во Гармиш Партенкирхен (ФОТО, ВИДЕО)

Камил Стох е победник и на втората скокалница во рамките од Новогодишната турнеја која е одржана во Гармиш Партенкирхен.

Ова е втора победа за полскиот натпреварувач, откако претходно триумфираше и на втората германска скокалница во Оберсдорф.

Стох беше убедлив, водеше после првата серија, второпласиран заврши Германецот Рихард Фрајтаг, а трет Норвежанецот Андерс Фанемел.

Третата скокалница според програмата ќе биде на 4. јануари во Инсбрук (Австрија), а турнејата завршува во вториот австриски ски центар Бишофсхофен.

Резултати: 1. Камил Стох (Полска) 283.4 поени, 2. Рихард Фрајтаг (Германија) 275.8 поени, 3. Андерс Фанемел (Норвешка) 270.2 поени, Јунширо Кобајаши (Јапонија) 269.2 поени, 5. Тилен Бартол (Словенија) 268.9 поени, итн.

РЕЗУЛТАТИТЕ ОД ВТОРАТА СКОКАЛНИЦА ВО ГАРМИШ-ПАРТЕНКИРХЕН:

ГЕНЕРАЛНИОТ ПЛАСМАН ПОСЛЕ ГАРМИШ-ПАРТЕНКИРХЕН: