„Четири скокалници“: Германецот Фрајтаг прв во квалификациите во Оберсдорф (ВИДЕО)

Започнаа возбудувањата на Новогодишната турнеја „Четири скокалници“…

Ски скокачот Рихард Фрајтаг имаше најдобар резултат (130,5 метри) во квалификациите за првото натпреварување и тоа пред својата домашна публика во Германија, Оберсфорд.

Фрајтаг, моментно првопласиран во Светскиот куп, на најдобар можен начин ја искористи фаворитската улога, во квалификациите имаше 148,1 бодови.

Второто место со шест бодови помалку го освои Јапонецот Јуниширо Кобајаши, додека трет освојувачот на Светскиот куп, Штефан Крафт.

Главниот настан на првата скокалница во Оберсдорф и скоковите се на програмата в сабота од 16:30 часот.

ПРОЧИТАЈТЕ ПОВЕЌЕ:

Дали и вие едвај ја чекате Новогодишната турнеја „Четири скокалници“?