Браќата Недеви балкански шампиони во кати за сениори

Македонската репрезентација во традиционално карате настапи на Балканскиот шампионат во Тарговиште, Романија (20-22 април 2018 год.)

Дејан Недев освои златен медал во ката-сениори со што стана балкански карате шампион. Воедно во сениорска конкуренција браќата Дејан и Аљоша Недеви се балкански шампиони во кати.

На овој шампионат нашата земја настапи со седум каратисти.