Борачите Мустафовски, Реџепи и Сејфулаху со медали од Балканското првенство во Бурса

Македонскиот борач Елмедин Сејфулаху дојде до втората позиција во категоријата до 60 кг. на Балканскиот шампионат во јуниорска конкуренција (Бурса, Турција).

19-годишниот Сејфулаху во финалето загуби од европскиот вицешампион, Бугаринот Микјај Наим со резултат 15:5. До финалето нашиот натпреварувач успеа да слави победи над учесници од Турција, Косово и Романија.

Исто така, Минир Реџепи беше „сребрен“ во категоријата до 55. килограми, додека со бронза се закити Рамадан Мустафовски во категоријата до 96кг.