БМУ европски шампионат: Бузалковски со прво место на мото-трката во Бугарија!

Македонскиот мотоциклист имаше пол позиција и личен рекорд од 1:53.700, одлично ги помина тестовите.

Христијан Бузалковски како член на „Ендуро Тим Водно“ беше дел од трката во Плевен (Бугарија) како 10. рунда од „БМУ Европскиот шампионат“ надевајќи дека со својот тим ќе пронајде идеален „сетап“ за оваа трка и дека во нашата земја ќе се врати со максимален број на поени.

Во класата SP125сс. Бузалковски (Априлја) го освои првото место, пред Бојан Петров (МСК Плевен, Априлја) и Жулиета Ленкова (МСК Плевен, Априлја).

87 возачи од Македонија, Грција, Романија и Бугарија се натпреваруваа во различни класи и дисциплини.