Барселона: Ѓоковиќ далеку од посакуваната форма, елиминиран во 2 коло од Клижан! (ВИДЕО)

Српскиот тенисер е далеку од својата препознатлива добра форма…

Новак Ѓоковиќ во второто коло на турнирот во Барселона загуби од Словакот Мартин Клижан (2:6, 6:1, 3:6).

На останатите дуели Шпанецот Рафаел Надал ја оправда фаворитската улога против својот сонародник Роберто Карбалес Баена (6:4, 6:4).

Победи славеа уште Димитров, Тим, Ковалик, Рамос, додека пак Нишикори при негатива од 6:3 го предаде мечот против Гарсија-Лопез.