Австралија Опен: Федерер рутински до третото коло, Вавринка и Вердаско во „аут“!

Роџер Федерер се пласираше во третото коло на Отвореното првенство на Австралија, откако денеска го совлада Јан-Ленард Струф од Германија.

Швајцарскиот тенисер славеше со 3:0 во сетови (6:4, 6:4, 7:6) за помалку од два часа игра, а нареден противник ќе му биде Французинот Ришар Гаске (29. носител) кој пак беше подобар од италијанскиот натпреварувач Лоренцо Сонего (6:2, 6:2, 6:3).

Изненадувачки неговиот сонародник загуби во второто коло, станува збор за Станислас Вавринка како деветти носител е елиминиран од Американецот Тенис Сандгрен.

Сандгрен во следната фаза ќе игра против Германецот Максимилијан Мартерер кој исто така направи изненадување совладувајќи го Шпанецот Фернадо Вердаско за три и пол часа игра (6:4, 4:6, 7:6, 3:6, 6:3).

Во женска конкуренција Русинката Марија Шарапова со 2:0 (6:1, 7:6) ја елиминираше 15. носителка од Летонија, Анастасија Севастова.

Крај и за третата носителка од Шпанија Гарбињ Мугуруза која со 7:6 (1) и 6:4 претрпе пораз од Су-Веи Хсиех (Тајван).

Првата носителка од Романија, Симона Халеп убедливо двапати со 6:2 ја „преслуша“ Канаѓанката Ежени Бушар.