АТП: Нов рекорд и титула за Надал на турнирот во Пекинг! (ВИДЕО)

Нова титула за првиот тенисер на светот!

Рафаел Надал ја освои денеска титулата на АТП турнирот во Пекинг.

Шпанецот го декласираше Ник Кирјос со резултат 2:0 (6:2, 6:1) после еден и пол час игра.

Надал имаше 17 „винери“ и 10 грешки, додека неговиот противник од Австралија запиша 20 директни поени и 35 неизнудени грешки.

Ова е 75. трофеј во кариерата на Рафа кој воедно го престигна Род Лејвер и на вечната листа по освоени сингл титули во историјата е на петтото место зад Џими Конорс (109), Иван Лендл (94), Роџер Федерер (93) и Џон Мекинро (77).