АО: Бердих подобар од Дел Потро, а Кербер ја елиминираше Шарапова! (ВИДЕО)

Томаш Бердих се пласираше во осминафиналето на Грен слем турнирот „Австралија Опен“…

Чешкиот тенисер денеска го совлада Аргентинецот Хуан Мартин дел Потро со резултат 3:0 по сетови 6:3, 6:3 и 6:2 за два часа и 18. минути игра.

Ова беше деветти меѓусебене дуел помеѓу Бердих и Дел Потро за вкупно четврта победа на чешкиот натпреварувач.

Бердих во следната рунда ќе игра против Италијанецот Фабио Фоњини кој претходно го елиминираше Французинот Жиљен Бенето.

Кај мажите триумфи славеа уште Сандгрен, Тим, Чанг, Фучович, потоа Ѓоковиќ со 6:2, 6:3 и 6:3 беше подобар од Шпанецот Рамос, додека Федерер со 6:2, 7:5 и 6:4 го „исфрли“ Гаске.

Во женска конкуренција Анѓелик Кербер се пласираше исто така во осминафиналето откако ја совлада Русинката Марија Шарапова со 6:1 и 6:3 за еден час и шест минути игра.

Следна противничка на Германката ќе биде Се Шувеј од Тајван која со 2:0 славеше против Радванска. Победи забележаа уште Кијз, Плишкова, Гарсија, Осака и Стрицова, додека првата носителка Халеп после скоро четири часа игра со тешки машки ја совлада Американката Дејвис. Тоа се должи на третиот решавачки сет кој што го доби Халеп со 15:13 во гемови.