Андонов не се пласираше во полуфиналето на турнирот во Ниш

Македонските јуниори до 18. години со настап на ИТФ турнирот „Serbia Junior Tour 2018“ во Ниш, Србија…

Денеска Лука Љубен Андонов во четвртфиналето загуби од натпреварувачот од Босна и Херцеговина, Лука Пуљиќ, со резултат 2:0 по сетови 6:1 и 6:0.

Андонов најпрвин во првото коло со 6:3 и 7:5 го совлада Матвеј Александров од Русија, потоа во второто сп 2:6, 6:2 и 6:4 го елиминираше 10. носител Алекса Чириќ од Србија, а во третата рунда неговиот ривал од Франција, Валентин Лапалу предвреме го предаде мечот.

Од останатите наши учесници Андреј Андреевски (LL) стигна до 2. коло каде претрпе пораз од првиот носител Данил Спасибо (Русија) со 6:3 и 6:2, а Ѓорѓи Јанкуловски до 3. коло каде што загуби од четвртиот носител Хамад Меџедовиќ (Србија) со 6:4 и 6:1.

Во двојки во првото коло Андонов и Јанкуловски беа запрени од осмите носители од Русија, Игор Кудриашов и Аристарх Сафонов (3:6, 7:6 (2), 10:3).

Во женска конкуренција, Елена Јанкуловска (LL) стигна до второто коло каде загуби од петтата носителка Јелена Ковач (Србија) со 6:4 и 6:3, а до 2. коло стигнаа уште 12. носителка Ана Ристевски (пораз од Роксана Репаси, Австрија – 6:3, 4:6, 6:3) и Александра Симева (Q) (пораз од 7. носителка Розалија Грушинска, Полска – 6:0, 6:1).

Двојки:

1. коло
Ана Ристевска (Македонија)/Луна Урсо (Италија)-Тијана Николиќ (Србија) и Мина Обрадовиќ (Србија) 6:1, 6:1

2. коло
Ана Ристевска (Македонија)/Луна Урсо (Италија)-Елена Карнер (Австрија, 3 носителка)/Дарија Радулова (Бугарија, 3. носителка) 0:6, 3:6

1. коло
Елена Јанкуловска (Македонија)/Александра Симева (Македонија)-Емилија Којциќ (Србија, 5. носителка)/Зала Уле (Словенија, 5. носителка) 6:7 (2), 5:7

Да додадеме уште дека на женскиот турнир за награден фонд од 15.000 долари во Анталија (Турција), македонската тенисерка настапи Магдалена Стоилковска („вајлд-кард“) која загуби во 1. коло во сингл конкуренцијата од Украинката Анастасија Поплавска (WC) со 7:5 и 7:6 (5).

Фото: mtftennis.mk