АМС: Директорот Каевски на средба со хрватската скијачка легенда Јаница Костелиќ

Денеска директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски во рамките на работната посета на Хрватска, оствари билатерална средба со хрватската владина делегација предводена од генералниот Државен секретар за спорт, Јаница Костелиќ.

Каевски на средбата се заблагодари за укажаната прилика и истакна дека билатералната соработка и унапредување на заедничкото пријателство со Хрватска е еден од приоритети за регионална соработка на Агенцијата за млади и спорт.

Двете страни на средбата разменија искуства во делот на врвниот спорт, капиталните инвестиции во спортот, искористувањето на објектите за спорт и предлози за финансирањето во делот на спортот.

Каевски на крајот од средбата упати покана до хрватската владина делегација за возвратна средба во Македонија, со една цел, продлабочување на регионалната соработка во областа на спортот и трансфер на искуства и спортска експертиза поврзана со повеќе процеси кои се дел од спортот.

Костелиќ, се заблагодари за посетата и остварената средба со македонската делегација и изрази задоволство за поканата за возвратна средба во Македонија.

Таа додаде дека очекува ваквите средби да бидат редовни и да вродат со плод, со една цел за создавање повеќе предуслови за развој на регионалниот спорт.