Александар Маленко е нов претседател на Пливачката федерација на Македонија

По втор пат за три недели се одржа изборно собрани на пливачката федерација…

Одлучено е македонската пливачка легенда Александар Маленко (38) да биде прв човек на федерацијата.

Благодарам на сите делегати за укажана доверба на денешно транспарентно изборно собрание да бидам Претседател на Пливачка Федерација на Македонија.

Од Понеделник почнува имплементација на професионализам во мк пливање!“, се зборовите на Александар Маленко на својот Твитер профил.

Своевремено како професионален пливач ги бранеше боите на нашата земја на Летните олимписки игри во 1996 и 2004. година.