Агаси ја прекина соработката со Ѓоковиќ

Американската тениска легенда не е повеќе тренер на Новак Ѓоковиќ, пренесува „ESPN“.

Имав најдобри намери, се обидов да му помогнам на Новак. Но, пречесто не бевме согласни околу одредени сегменти. Му посакувам се најдобро во продолжението од кариерата“, соопштија коментаторите на американската телевизија во текот на преносот од полуфиналето на Мастерсот во Мајами.

Популарниот Ноле и Андре Агаси ја започнаа соработката пред минатогодишниот Ролан Гарос, но Новак потоа го пропушти цел втор дел од сезоната поради повреда на лактот по што одлучи да оди на операција после раната елиминација на стартот од „Австралија Опен“.

Освојувачот на осум Грен слем титули и поранешен светски број еден повремено го следеше Ѓоковиќ на турнирите, без финансиски надополнувања, додека српскиот тенисер во меѓувреме го ангажираше Радек Штепанек за тренер.

Србинот ќе се обиде да продолжи со враќањето на врвот во светскиот тенис на Мастерс турнирите во Монте Карло и Мадрид, после разочарувачките резултати во Индијан Велс и Мајами, односно вториот Грен слем сезонава, „Ролан Гарос“.