Агаси главен тренер на Ѓоковиќ и во 2018 година

Американската легенда ќе биде главен тренер на српскиот ас и во наредната сезона.

На тој начин и официјално се потврдија зборовите на Новак Ѓоковиќ кој ги најави уште пред неколку месеци кога соопшти дека завршува со настапите во 2017.

Ѓоковиќ изминатите денови престојуваше во Белград каде помина дел од кондициските подготовки со членовите на тимот, со цел да биде во потребната форма кога ќе тргне и со тренинзите.

Да потсетиме, поради повредата на лактот популарниот Ноле ја заврши сезоната после Вимблдон, а првите проценки се дека ќе се врати на терените на првиот турнир наредната година во Австралија.