51 победа во кариерата: Хиршер го престигна легендарниот Томба! (ВИДЕО)

Австрискиот скијач триумфираше на велеслаломската трка во Аделбоден…

Марсел Хиршер славеше во Швајцарија пред норвешкиот натпреварувач Хенрик Кристоферсен.

Трет пат оваа сезона во велеслаломот Австриецот и Норвежанецот завршија на првите две места.

На третото се најде Французинот Алексис Пинтиро кој зад победникот заостана 0.21 секунда. Ова беше 51 победа во кариерата на Хиршер, со што изби на третата позиција на вечната рагн листа по бројот на триумфи, престигнувајќи го легендарниот Алберто Томба (50.)

Пред Хиршер на оваа листа се наоѓаат Херман Мајер (54) и Ингемар Стенмарк (86). Во генералниот пласман на Светскиот куп води Австриецот со 674 бодови, пред Кристоферсен со 580 и Норвежанецот Кјетил Јансруд (480).