Стох победник на отворањето на „Четирите скокалници“ во Оберсдорф (ВИДЕО)

Актуелниот освојувач на „Четири скокалници“ дојде до 23. победа во кариерата…

За него ова е прва во сезоната со скокови од 126 и 137 метро, што вкупно му донесе 279,7 бодови.

Полјакот Камил Стох триумфираше на првата скокалница во Оберсдорф (Германија) како дел од Новогодишната турнеја.

Второто место го освои домашниот натпреварувач Рихард Фрајтаг кој беше најдобар во квалификациите, а трет Давид Кубацки исто така од Полска.

Четвртото место го освои минатогодишниот победник во Оберсдорф, и првопласиран после првата серија Австриецот Штефан Крафт кој освои 262,8 бодови.

Во генералниот пласман на Светскиот куп води Фрајтаг со 630 бодови. Втората скокалница е закажана за 1. јануари од 13:45 часот во германскиот Гармиш-Партенкирхен.