Распоредот на трките во новата сезона 2018 во Формула 1

На состанокот на Светскиот совет за мотоспорт во средата, управното тело на Формула 1, ФИА, официјално го одобри календарот за сезоната 2018 година.

Новата сезона ќе започне во Австралија во март, а ќе заврши во ноември со трката во Абу Даби. Шампионатот ќе брои вкупно 21. трка, за прв пат од 2008. и 2016 год. соодветно, се враќат Франција и Германија.

Формула 1 календар (сезона 2018):

25 март, Мелбурн, Австралија

8 април, Сахир, Бахреин

15 април, Шангај, Кина

29 април, Баку, Азербејџан

13 мај, Барселона, Шпанија

27 мај, Монако, Монако

10 јуни, Монтреал, Канада

24 јуни, Л`Кастеле, Франција

1 јули, Спилберг, Австрија

8 јули, Силверстоун, Велика Британија

22 јули, Хокенхајм, Германија

29 јули, Будимпешта, Унгарија

26 август, Спа-Франкошамп, Белгија

2 септември, Монца, Италија

16 септември, Сингапур, Сингапур

30 септември, Сочи, Русија

7 октомври, Сузука, Јапонија

21 октомври, Остин, САД

28 октомври, Мексико Сити, Мексико

11 ноември, Сао Паоло, Бразил

25 ноември, Јас Марина, Абу Даби