После шест месеци пауза на терените се враќа Ѓоковиќ

Српскиот тенисер после шест месеци пауза поради повреда се враќа на терените…

Според најавите Новак Ѓоковиќ својот кам-бек треба да го направи на егзибицискиот турнир во Абу Даби.

Првиот меч ќе го игра в петок против победникот од мечот помеѓу Роберто Баутитас Агут и Андреј Рубљев, објавија организаторите.

Популарниот Ноле е слободен во првото коло, а потоа во петок му следи дуел со подобриот помеѓу Шпанецот и Русинот.

Во вториот дел од ждрепката Австриецот Доминик Тим го чека победникот помеѓу Пабло Карењо Буста (Шпанија) и Кевин Андерсон (Јужна Африка).

Финалето и борбата за третото место во Доха се на програмата в сабота на 30. декември 2017 год.