Познат календарот во МотоГП шампионатот за 2018 година

Новата сезона во МотоГП шампионатот ќе започне на 18. март со Големата награда на Катар на патеката во Лосаил.

Истата ќе заврши на 18. ноември со Големата награда на Валенсија во Рикардо Тормо. Да потсетиме, титулата во 2017. година ја освои Шпанецот Марк Маркез (Репсол Хонда Тим) со 298 бодови.

МотоГП календар (сезона 2018):

18 март Голема награда на Катар (Лосаил)
8 април Голема награда на Аргентина (Термас де Рио Ондо)

22 април Голема награда на САД (Остин)
6 мај Голема награда на Шпанија (Херес)

20 мај Голема награда на Франција (Ле Ман)
3 јуни Голема награда на Италија (Муџело)

17 јуни Голема награда на Каталонија (Каталонија)
1 јули Голема награда на Холандија (Асен)

15 јули Голема награда на Германија (Сахсенринг)
5 август Голема награда на Чешка (Брно)

12 август Голема награда на Австрија (Ред Бул ринг)
26 август Голема награда на Велика Британија (Силверстон)

9 септември Голема награда на Сан Марино (Марко Симончели)
23 септември Голема награда на Арагон (Моторленд)

7 октомври Голема награда на Тајланд (Буринам)
21 октомври Голема награда на Јапонија (Твин Ринг Мотеги)

28 октомври Голема награда на Австралија (Филип Ајланд)
4 ноември Голема награда на Малезија (Сепанг)
18 ноември Голема награда на Валенсија (Рикардо Тормо)