Втора победа во Дејвис купот: После Исланд, совладана и Албанија!

Откако вчера на првиот дел од третата Европска група во Дејвис купот беше совладан Исланд (2:1)…

Во Пловдив (Бугарија) тениската репрезентација на Македонија со резултат 3:0 ја совлада Албанија и така дојде до втората победа во рамките од групата А.

Уште поубедливи во своите сингл дуели беа Горазд Србљак против Арбер Сулстарова (6:0, 6:0) и Димитар Грабул против Марио Зили (6:3, 6:0).

За разлика од вчерашниот дуел со Исланѓаните кога претрпеа пораз, овојпат во дубл тоа не го дозволија Ѓорѓи Јанкуловски и Стефан Мицов кои двапати со 6:2 беа подобри од Елби Мјешири и Генајд Шифеја.

Домаќинот одново славеше со 3:0 денеска против Исланд, па така на табелата останува првопласирана (6-0), пред Македонија (5-1), Исланд (1-5) и Албанија (0-6).

В петок (6. април) најдобрите македонски тенисери ќе играат за првото место против селекцијата на Бугарија.