Започнува борбата за ЕУРО 2018: Денеска против Летонија со Елмас, Чурлинов, Атанасов…!

Денеска со почеток од 14:00 часот на ФФМ тренинг центарот „Петар Милошевски“ – Скопје, македонската фудбалска репрезентација до 19. години ја стартува елитната фаза.

Прв противник на избраниците на селекторот Вујадин Станојовиќ е селекцијата на Летонија за пласман на Европското првенство оваа година што ќе се одржи во Финска. Главен судија на мечот е Карим Абед од Франција.

Стартниот состав на У19 репрезентацијата на Македонија: Стевковски, Тодороски, Маневски, Тодоров, Руфати, Трајановски, Чурлинов, Атанасов, Елмас, Митровски, Ферукоски.

Во првата фаза од квалификациите која исто така се одржа во Скопје, Македонија го освои првото место во групата 5 пред со три максимални победи против Белгија (2:1), Швајцарија (2:1) и Лихтенштајн (6:0).

Потсетување, во квалификациската група на овој турнир во главниот град се наоѓаат уште Англија и Унгарија. На 24. март се соочуваат против Унгарците, а турнирот го затвораат со пресметката против англиските надежи на 27. март 2018 год. Само првопласираната репрезентација ќе обезбеди настап на Европското првенство во Финска.