Започна проектот за развој на женскиот младински фудбал во Македонија (ВИДЕО)

Фудбалската федерација на Македонија започна со реализација на проектот за развој на женскиот фудбал во млади категории за девојчиња од генерациите 2002., 2003., 2004. и 2005. година.

Селектираните девојчиња од генерациите го имаа првиот собир, а заеднички го реализираат првиот дел од подготовките до недела на терените во центарот „Петар Милошевски“.

Во продолжение погледнете го видеото од првиот собир и изјавите на координаторот на млади селекции во ФФМ, Зоран Стратев, тренерите кои се ангажирани во проектот и девојчињата вклучени во проектот за развој на женскиот младински фудбал.

Фото: ffm.mk